Реал Мадрид, кралот во продажбата на своите сувенири, прв својата марка ќе ја прошири и на женска долна облека. Освен дресовите и бројните други предмети од секојдневниот живот, навивачите и навивачките на Реал ќе можат наскоро да купуваат и гаќи и градници со амблемот на нивниот клуб.
На големо жалење на сите оние кои помислија дека ова ќе биде одличен Божиќен подарок, долната облека ќе започне да се продава од на пролет. Приходите од маркетингот на Реал, кој ги опфаќа и продажбата на дресови и другите предмети со логото на Реал изнесуваат повеќе од 100 милиони евра во годишниот буџет на клубот кој надминува 400 милиони евра.