Либија по 90 години остана без титулата најтопло место под Сонцето, а местото и’ го зазема американската Долина на смртта, објави Светската метеоролошка организација (WMO).

Откако меѓународен тим експерти повторно ги проучи најголемите регистрирани температури на светот утврдено е дека со 56,7 степени Целзиусови колку во 1913 година се измерени во Гринленд Ренч во калифорниската долина на смртта е рекордна кога и да е регистрираната температура на Земјата.

Тврдењето на Либија дека на 13-ти септември 1922 година на територијата на земјата се измерени 58 степени Целзиусови во тогашната италијанска воена база во Ел Азизи сега изгледа надувано.

„Пронајдовме системски грешки во мерењата спроведени во 1922 година“, се наведува во соопштението на Ренди Кервени од Универзитетот Аризона кој во ЊМО е одговорен за светските температурни рекорди.

Анализата што ја спровел меѓународниот тим експерти утврдила пет големи проблематични елементи во либиските тврдења и заклучила дека неедуцираниот набљудувач кој истрајно на погрешни места ги впишувал Целзиусовите степени веројатно впишувал и погрешни бројки. Покрај тоа, мерењето е направено со термометар кој веќе во времето на наводниот рекорд бил застарен, и исто така имал отстапувања во точноста од дури десетина степени Целзиусови

OhridNews
извор:„Макфакс“