Најтрофејниот клуб и актуелниот шампион во Првата лига, Вардар едноставно неможе без проблеми или турбуленции. Нови проблеми за Вардар е блокираната клупска сметка поради долгот кон легендата Дарко Панчев.

Сумата за која Панчев за жалел и го добил спорот со Вардар изнесува 60 000 евра. Панчев личен доход одреден период немал примено во ерата на Сергеј Самсоненко кога во клубот имаше улога на спортски директор. Тој клубот го напушти поради несогласување со раководните лица и незадоволството од изолирањето во донесување на крупните одлуки во Вардар.

Вардар поради блокирана сметка за долг кон други играчи и лица, едвај состави екипа и ја започна новата сезона во Првата лига. „Црвено црните“ играчки се екипираа и после пет рунди котираат на средината од табелата во македонската фудбалска елита, но новата блокада кој знае како и дали ќе се одрази на резултатски план.

OhridNews