Пред неколку дена на интернет страницата “Reddit” беше објавена фотографија во која се прикажува начин на кој една огорчена сопруга му исплатила $50,12 долари на бившиот сопруг кои биле трошок за бракоразводната парница.


Таа споменатиот износ во ситни монети го испорачала во пластични садови, а во едниот од нив имало порака на која пишувало “Енди, еве ги твоите 47 долари и 12 центи, а останатиот износ го потрошив за купување на овие садови. Се надевам дека ќе имаш фантастичен живот, а знам дека мојот ќе биде 20 пати подобар без тебе во него”