Периодот на топло, пријатно и стабилно време продолжува. Денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура во Охридскиот регион ќе достигне до 29 степени, а индексот на УВ зрачење 7.
Сончево и топло време ќе имаме и преку викендот. Минималната температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 28 до 36 степени Целзиуови.
Топла и пријатна за рекреација е и водата во Охридското Езеро, чија температура, според последните мерења, изнесува 25 степени.
OhridNews