Предлог одлуката за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„ Јасна Ристеска“ со помал, односно поголем број на деца од законски утврдениот број предизвика долга расправа на денешната седница на советот.
Советничката од СДСМ Оливија Пирузева- Јанева со прашање до директорката на градинката Розе Костоска, како на згрижените деца ќе им се даде потребната грижа со оглед на многу поголемиот број од капацитетот со кој располага градинката.
– Како на сите тие дечиња ќе им се обезбедат добри услови за престој кога во објектите има 347 деца повеќе од превидениот број. За 1012 деца треба да се грижи кадар кој е предвиден за 655 деца. Оваа работа не трпи импровизации, грешки се случуваат токму поради несовесното размислување. Ја разбираме и потребата на родителите, но прво требаа да се обезбедат просторните услови, рече Пирузева- Јанева.
Директорката Костоска со тврдење дека и покрај големиот број деца, тие се добро згрижени .
– Општина Охрид е првата општина што ги искористи можностите за создавање услови за да можеме да згрижиме повеќе деца и да се отворат дополнителни групи поради големиот интерес. Во однос на условите, во неколку наврати доаѓаа комисии и утврдија дека тие се поволни. Во однос на капацитетот, имаме 655 деца во постојните објекти,но доколку се земе во предвид дека во Лескоец, Радојца Новичиќ и Велгошти има 60 деца и 60 во ОУ „ Григор Прличев“ капацитетот се надминува со помал број и не е толку големо оптоваруање. Тешко е да се работи со толку деца но со децата се работи совесно и како што треба, рече Костоска.
Советниците ја усвоија и предлог одлуката за формирање паралелки со ученици помалку од 25 во ОУ „ Св. Климент Охридски“ и трите средни училишта во општината. Советот даде зелено светло и за програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2015-2016 година во основните училишта.
Т.К.