Два нацрт-детални урбанистички планови, иако планирани за денешната седница, сепак не се најдоа на дневен ред. Причината е што централната власт, иако готови плановите, сепак не ставила потпис врз нив.

Градоначалникот Петрески како резултат на блокирањето на сметката на”Охридски комуналец” заради долг кон министерството за финансии предложи  претпријатието да се задолжи со кредит од  пет милиони денари за уплата на данок на Управата за јавни приходи.

Советниците денеска со старо-новите идеи кои се провлекуваа и во текот на изминатите години. Томе Гиноски предложи на вработените во општинската администрација да им се иплати еднократска линеарна сума од 1.000 денари како подарок за божиќните празници, зашто според него, тоа е практика и во развиените демократски земји. Во текот на трасправата советниците одлучија таа сума да се зголеми на 3.000 илјади денари, што доби поддршка од мнозинството.

Старото барање на Љупчо Нечкоски да се  намалат давачките за вода и ѓубретарина  за сите граѓани и овој пат беше отфрлено. За директорот на МЈП Проаква овој предлог е неприфатлив  зашто како што образложи, цената на водата е условена од меѓудржавните и меѓународните договори.

Советниците го усвоија и буџетот за 2009 година, тежок околу 9 милиони евра.

Ohridnews