Познатите италијански дизајнери Стефано Долче и Доменико Габана во јули ќе ја лансираат првата детска колекција. Линијата за деца до десет години ќе биде шик исто колку и онаа за возрасни. Детската колекција содржела од секојдневна облека, модни детали, до костими за капење.
Стефано Габана изјавил дека колекцијата е признание за италија и традицијата, а инспирација пронашле во внуците на Доменико. За колекцијата да биде совршена совети и идеи барале од бројни мајки. Долче и Габана го следат патот на модните куќи Гучи, Ланван и на дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, кои веќе лансирале свои детски линии.