Италијанските дизајнери Доменико Долче и Стафано Габана биле обвинети за затајување данок. Обвинителите тврдат дека дизајнерите, заедно со уште шест лица, затаиле данок од околу милијарда евра за неколку години по основањето на компанија во Луксембург, на која и ги отстапиле правата на сите брендови од нивната група, со што избегнале плаќање данок во Италија.

Судот во април 2011 го отфрлил барањето за подигање обвинение на основа на истите докази, со образложение дека станува збор за избегнување, а не затајување данок, што не е кривично дело.