Италијанската модна куќа Долче и Габана го креирала својот прв парфем наменет за бебиња. Модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана рекле дека парфемот бил инспириран од меката кожа, свежиот здив и првата насмевка на бебињата.

Според пишувањата на медиумите, мирисот, во кој доминираат тонови на лимон, диња и мед, е осмислен да одговара како на момчињата така и на девојчињата, а нема да содржи алкохол како не би предизвикал реакции на меката бебешка кожа. Шишенце од овој парфем ќе чини 45 долари. Ова не е прв пат некој познат бренд да лансира парфем за бебиња. Пред Долче и Габана тоа го сториле Барбери и Булгари.