Италијаснките модни агенти биле обвинети дека не пријавиле данок од околу 420 милиони евра, соопштија италијанските медиуми. Истрагата за основачите на компанијата, Доменик Долче, Стефан Габана и уште пет други лица била заклучена, но обвинение сеуште не било подигнато.


Резултатот на истрагата покажал дека Долче и Габана 2004 и 2005 година во Луксембург основале компанија која управувала со брендовите на групата и така го избегнале плаќањето на даноците во Италија. Неплатениот данок изнесувал околу 420 милиони евра.