Италијанските креатори Долче и Габана го прошириле полето на работа и се вклучиле во дизајнирањето на сладолед кој ќе се пушти по промет по повод 25 години од брендот сладоледи Магнум. Доменико Долче и Стефано Габана роденденското издание на Магнум ќе го опремат со спрецијално дизајниран омот кој во продажба ќе се појави од следниот месец.
Магнум е познат бренд сладоледи и е производ на прехрамбениот концерн Унилевер. Пред неколку години познатиот дизајнер на чевли Кристиан Лобутин заедно со француските луксузни пекари Ладуре изработил ново специјално тесто за потребите на пекарата.