Македонија се најде во Б групата заедно со селекциите на В.
Британија, Босна и Херцеговина, Унагрија и Украина  во квалификациите за EП 2011
година во Литванија.
Трите првопласирани репрезентации и двете најдобро второпласирани ќе обезбедат директно учество на ЕП 2011 година.



–  Оптимист сум за пласманот на ЕП откако ги дознавме имињата на противниците. Рака на срце, многу работи ќе зависат од составот во кој ќе се појавиме на августовските средби, бидејќи имаме играчи што се повредени и играчи што не играат. Ако, здравје Боже, бидеме комплетни, тогаш сигурно ќе атакуваме на првото место во групата односно на секој меч ќе одиме на победа – изјави за “Нова Макеоднија “по ждрепката селекторот Докузовски.

Коментарите во кошаркарските кругови по ждрепката во Минхен се дека Македонија не поминала лошо и дека со труд и напорна работа пласманот на континенталниот собир в година во Литванија воопшто не е неостварлива цел. Факт е дека добивме незгодни противници од првите два барабани (В. Британија и БиХ), но затоа го добивме џекпотот од другите две по квалитет групи каде што имаше, невообичаено, навистина силни потенцијални ривали. Патот кон Евробаскетот во Литванија, според многумина, е сосема прооден.


По мене, главен фаворит во групата е В. Британија, секако ако летово игра со своите НБА-ѕвезди (Луол Денг од Чикаго и Бен Гордон од Детроит). Ако тие не играат, тогаш ситуацијата ќе биде поинаква. БиХ ни е добропозната, таа е незгоден тим, но не и непобедлив. Ќе биде интересен квалификациски циклус – дополнува Докузовски.

Ohridnews