На списокот на Докузовски се наоѓаат: Антиќ, Чековски, Димчевски, Димитровски, Гечевски, Гоцевски, Илиевски, Караџовски, Николовски, Костоски, Крстевски, Мејси, Мираковски, Петровски, Самарџиски, Симоновски, Соколов, Стефанов, Д.Стојановски, В.Стојановски, Вашингтон, Хаџибулиќ и Михајловски.
Подготовките за квалификациските натпревари започнуваат на 25 јуни, а по кусиот престој во Скопје селекцијата ќе се пресели во Охрид каде екипата ќе тренира се до 7 јули.
Во пресрет на настапите на евросцената предвидени се настапи на турнир во Фиренца, две средби со Словенија во Птуј, исто така и со Црна Гора на Златибор. На трофејот на Македонија ќе настапат екипите на Црна Гора, Полска и Брегот на Слоновата Коска, селекција која ќе настапи и на Светското првенство во Турција.
Квалификациските настапи ги започнуваме на Илинден, 2 Август со настап во Украина (Јужни), потоа следуваат Унгарија (Скопје, 5 Август), В. Британија (Њукасл, 8 Август), БиХ (Скопје, 14 Август), Украина (Скопје, 17 Август), Унгарија (Шопрон, 20 Август), В. Британија (Скопје, 23 Август) и БиХ (Сараево, 29 Август).