По неколкугодишна пауза Марин Докузовски повторно седнува на клупата на нашиот најтрофеен кошаркарски клуб Работнички. Поранешниот селекторот на македонската репрезентација на чело на тимот доаѓа откако досегашниот тренер Емил Рајковиќ замина за Полска.

Пред Докузовски ќе биде тешка задача, да ја прекине доминацијата на МЗТ Скопје кој во последните три сезони доминира во македонската кошарка.