Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски го стави Владо Илиевски меѓу 24-ца играчи, кои ќе се подготвуваат за Европското првенство во Литванија.


Подготовките почнуваат на 10 јули во Скопје, а продолжуваат во Охрид на 17 јули. На спискот се : Гечевски, Антиќ, Самарџиски, Чековски, Николовски, Стефанов, Меккејлеб, Илиевски, Соколов, Д. Стојановски, В. Стојановски, Симоновски, Гоцевски, Димчевски, Мираковски, Костоски,  Богоев, Грин, О. Стојановски, Михајловски, Трајковски, Мејси, Брчков и Крстевски.

Во тимот се вклучени тројца странци, од кои само еден ќе може да биде во тимот на еден натпревар. Нашата селекција на ЕП е во група заедно со БиХ, Грција, Хрватска, Црна Гора и со еден квалификант.

OhridNews