Наредниот противник на Амак СП, Фершпед Работнички лесно може да се случи да допатува без тренерот Марин Докузовски.

По поразот од МЗТ Скопје, тој најави заминување од тренерската клупа.

– Точно е тоа дека најавив заминување. Севкупните односи во клубот, проблемите кои се таложат се причина поради која реагирам. Јас сум професионалец, почитувам работа не само на тренинзите туку и на натпреварите. Имам чувство дека одделни кошаркари како да не сакаат да ја освоиме шампионската титула, не се залагаат доволно, а тоа навистина ме боли и не можам да минам преку тоа. Побарав разговори со луѓето од клубот, верувам дека брзо ќе дојде до таква средба и многу работи ќе бидат појасни. Во моментов едно е сигурно во вакви услови повеќе не сакам да работам- вели Марин Докузовски.