Македонскиот тренер на Лукоил Академик, Марин Докузоски заедно со репрезентативецот Дамјан Стојаноски ќе играат во финалето на бугарскиот куп. Бранителот на трофејот Лукоил Академик во 1/2 финалето го совлада Јамбол со убедливи 87-67.
– Целиот натпревар го контролиравме, заслужено се пласиравме во финалето. Таму не чека Левски кој не совлада во регуларниот дел од првенство, ќе има борба но јас сум оптимист дека ќе успееме да го одбраниме трофејот во Купот на Бугарија – изјави по мечот Марин Докузоски.
Во 1/2 финалниот дуел, репрезентативно крило Стојановски за 16 минути поминати на теренот реализираше шест поени, додавајќи два скока, една асистенција и една загубена топка.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com