Денес во Охридскиот архив беше предаден материјал кој датира од 16 век па се до 1865 година во сопственост на семејството Охризаде.

Благодарение на службите во Архив Охрид и пред се на господинот Тургут Хајдар (Охризаде), овие документи од денес се чуваат во депото на Oхридскиот aрхив. Ќе се започне со превод и „лечење“ на самите документи со што се надеваме дека за брзо време ќе произлезе и нова книга за семејството Охризаде, велат од Охридскиот архив.

Пред само неколку дена во Архивот за првпат беше преземена и документација од Основно Јавно Обвинителство Охрид од 1945 до 1999 година.

Архивот, како што претходно потенцираше директорот Никола Митровиќ Бабе чува трајна документација која ја потврдува државноста, но и од приватен аспект огромен број на фондови кои имаат за цел да сведочат за минатото не само за охридското поднебје, туку и на целата држава.

OhridNews