Во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, по повод верскиот празник Богојавление-Водици, денеска ќе биде прикажан  документарниот филм „Чистилиште на душата”.

Режијата и сценариото на филмот се на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски. Филмот е снимен во 2010 година кога беше и премиерно прикажан.

Проекцијата на документарниот филм „Чистилиште на душата” е со почеток во 18:00 часот во големата сала на Центарот за култура, а ќе се одржи во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.

Влезот е слободен.

OhridNews