Во центарот за култура во Охрид, денеска премиерно ќе биде прикажан документарно-музичкиот филм  „The hardest thing – Чекор до славата“ во кој се  претставени настанокот на англискиот албум и големиот број до сега необјавени снимки од големата македонска поп-икона Тоше Проески.
 
Охриѓани ќе имаат можност да го видат документарецот од 23 до 28 февруари. Филмот ќе се прикажува двапати дневно, со почеток во 18 и во 20 часот, а влезницата чини сто денари.

По Скопје и Битола, Охрид е третиот град во Македонија каде што ќе се гледа  приказната за прерано починатиот Тоше Проески во која се проткаени настанокот на албумот, љубовта кон музиката, неговиот талент и борбата за успех и блескава кариера.

Ohridnews