Охридските филмски автори Томе Љушев – Шпанец и Љупчо Паункоски ги добија највредните признанија на 53 Државен фестивал на непрофесионален, аматерски филм што изминатиот викенд се одржа во Кинотека на Македонија во организација на Кино сојузот на Македонија.
Краткиот филм на Томе Љушев „Страсна Недела – Бигорски манастир“ освои Гран При награда и златна плакета за режија, со што избори учество на Меѓународниот филмски фестивал во Бирмингем, Англија.
Признанија Љушев доби и за филмовите Вевчански карневал (Златна плакета за камера) и Оф роуд Лада Нива 1.6 ВС Џипијада (Златна плакета за монтажа.
Љупчо Паункоски освои вредни признанија за два филма. Златни одличја добија филмот за киното Охридско Езеро со кој Паункоски ќе учествува на Меѓународниот фестивал во Бирмингем, Англија, како и за репортажата за селото Селци, Малесија.
Признанијата на најдобрите аматерски филмови им беа доделени синоќа на свеченост што се одржа во Скопје.
Г.М.