Проблеми со срцето односно аритмија е точната причина за трагичната смрт на Давиде Астори. Фудбалерот кој беше дел од Фиорентина почина во спиење во пресрет на мечот помеѓу неговиот клуб и Удинезе.

Астори кој ја зави цела Италија во црно можел да се спаси, но клупските доктори во Калјари и Фиорентина ја криеле неговата болест, која на крајот се покажа фатална за животот на фудбалерот. Астори да прекинел со професионално играње фудбал ќе си продолжел нормален живот, но надвор од фудбалот.

 

Спортскиот арбитражен суд ќе покрение обвининие против докторите во Калјари и Фиорентина кои потпишувале дека Астори е способен за игра. Капитенот на „виолетовите“ зад себе остави сопруга и една ќерка.

OhridNews