Исак Ласон, 6 годишно дете од Јута, САД 3 години страдало од болки во неговите синуси. Докторите кои го прегледале очекувале дека проблемите ќе бидат решени со терапија со антибиотици но тоа никогаш не се слулило.
По 3 години од појавата на симптомите еден од многуте доктори кои ги посетила фамилијата направил интересно откритие, Исак имал непознат предмет заглавен во неговиот нос.

Откако предметот бил изваден докторите сфатиле дека се работи за флексибилна LEGO “гума” која ги предизвикала сите проблеми, а по овој зафат болките на Исак исчезнале и тој сега јаде, игра и спие како секое нормално дете.