Ким Кардашиан добила строги упатства од докторите кои и забраниле вежбање. Ким (32) која го чека своето прво дете со Кање Вест, била итно префрлена во болница поради ненадејни болки во стомакот, а докторот после прегледот и забранил да вежба.
Докторите велат дека со бебето и со Ким е се во ред, но мислат дека старлетата премногу вежба.
Имено, Кардашијан секојдневно има тренинзи со Енди Пастернак, познатиот тренер на славните, и експерт за фитнес за бремени жени.
“Ким се плаши дека премногу ќе се здебели. Повеќе не може да ја носи облеката што ја има, па затоа постојано вежба“, вели извор близок на Ким. Сепак Ким некое време ќе мора да заборави на своите тренинзи.