Како што информира министерот за здравство Никола Тодоров, со податоците од системот „Мој термин“ детектирано е кои доктори три или повеќе од три пати во текот на еден месец доцнеле подолго од еден час на првиот закажан преглед. Министерот потенцира дека целта е со заострување на критериумите дополнително да се редуцира појавата на доцнење на лекарите на закажан преглед и целосно да се спречи.

Според податоците од системот „Мој термин“ минатиот месец два пати или повеќе од два пати, повеќе од еден час доцнел 31 доктор. Меѓу нив најмногу доктори се од Општата болница Гостивар – шест, Клиничка болница Битола, Општа болница Охрид и Поликлинка „Јане Сандански“ по тројца и Градската општа болница „8 Септември“ и УК за радиологија, само двајца доктори.

– Во останатите установи имаме само по еден доктор кој доцнел, два пати или повеќе, тоа е во Поликлиника Букурешт, Здравствен дом Неготино, Пробиштип, Општа болница Велес, Куманово, Струмица, Тетово, Институит за тарнсфузиона медицина, Детска хирургија, Ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, неврологија и Психијатриска болница Скопје, рече Тодоров.

Министерот Тодоров посочи дека со доследно почитување на закажаните термини од страна на пациентите и од страна на докторите и со непосредно доаѓање пред термин ќе се обезбеди функционирање на  системот „ Мој термин“.

OhridNews