Суперкомпјутер за секој студент- со овие зборови, младите докторанти од Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид, го претставија новиот компјутерски систем кој го дизајнираа со помош на студентите од овој факултет.


Станува збор за компјутер со брзина на обработка на податоците од 3. 000 милиони операции во секунда, а кој чини помалку од цената на еден просечен автомобил.

Користиме програм кој е бесплатен и кој добро го познаваат студентите. Кластерот е составен од неколку поврзани компјутери, кои за разлика од другите, содржат поголем број процесори. Секој работи засебно на свој дел од зададаената задача и на крај се вади заеднички резултат, вели Драги Кимовски, асистент по информатички науки.


Овој систем ќе има директна конекција на интернет и со тоа неговите функции можат да му се достапни на сите високообразовни институции во Македонија, при образувањето на нивните кадри.

На 20-ти декември ќе биде извршена официјалната презентација на суперкомпјутерот во присуство на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Т. К.