Еден од најпознатите британски неврохирурзи, д-р Хенри Марш, со рачна дупчалка марка Bosch извршил операција на глава на пациент, и тоа успешно.

Додека пациентот Марјан Долишни, стрпливо чекал да почне операцијата, знаел дека нема да му биде баш пријатно. Туморот во неговата глава опасно му го загрозувал животот. Неколку минути подоцна британскиот неврохирург Хенри Марш ја започнал операцијата на потполно свесниот пациент со рачната безжична дупчалка  Bosch PSR960.

И покрај тоа што батериите се потрошиле на пола операција, сепак операцијата била успешна и туморот е отстранет. Целиот зафат е снимен и BBC2 ќе го емитира во текот на месецов. Марш кој работи во болницата St. George на југот на Лондон, во слободното време патува во Украина и често таму оперира со примитивни хирушки алати.

Зборувајќи за своите предизвици во Украина, Марш прокоментирал: „Не препорачувам сега сите да користиме Bosch направи сам дупчалки во Англија, но тоа само покажува дека со импровизација може многу да се постигне“.

Јасминка Т. Момироска