Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело по чл.216 од КЗ на РМ-овозможување на употреба на наркотични дроги, на лицето Т.К. (53 години), доктор по општа медицина од Струга, од страна на Истражен судија при Основен суд Струга одредена му е мерка притвор во траење од 10 дена. Истиот во текот на вчерашниот ден е спроведен до Казнено поправната установа -Затвор Охрид,

Врз основа на наредба на Истражен судија, кај лицето Т.К. од Струга, на ден 17.03.2008 година извршен е претрес во неговата приватна здравствена установа (ПЗУ) по општа медицина сместена во МЦ Струга при што одземени му се повеќе амбулантски дневници и други медицински книги за евиденции на пациенти кои  ќе се користат во понатамошната постапка.

Лицето Т.К.  неовластено, на повеќе наркозависници од Струга и Охрид, им издавал метадон на лекарски рецепти и не ги водел дневните амбулантски книги за издавање  метадонска терапија, соопшти Канцеларијата за односи со јавност при СВР Охрид.

ohridnews