Одделот за организиран криминал при МВР на27.09 до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против С.М. (52) од Охрид поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “примање поткуп“.

Пријавениот, користејќи ја својата положба во неговата здравствена ординација на 21.09. побарал а на 27.09 примил поткуп од 1.000 евра од лицето Р.А. за да му изготви предлог за утврдување на инвалидност, потребен за аплицирање за инвалидска пензија за неговиот брат Ј.А. иако тој ниту еднаш не бил присутен во ординацијата и врз него не бил извршен лекарски преглед.

Инаку, на првата средба меѓу Р.А. на 21.09 и пријавениот, одржана во ординацијата на С.М., пријавениот кажал дека може да помогне и ја побарал целокупната медицинска документација на барателот на инвалидска пензија но и 1.000 евра за наодот што ќе го издадел, а пак за ургенцијата до Комисијата во Скопје рекол дека дополнително ќе извести за сумата што ќе треба Р.А. да ја обезбеди. Бидејќи Р.А. немал со себе толку пари пријавениот му го дал неговиот телефонски број со препорака да му се јави кога ќе ги обезбеди парите. Наредниот ден Р.А. отишол во ординацијата на пријавениот носејќи ја со себе медицинската документација од неговиот брат и 100 евра, но бил вратен од С.М. кој му рекол дека документацијата ќе ја види откако ќе биде обезбедена целата сума.

На 24.09 Р.А. прво случајот го пријавил преку телефонскиот број 199, а потоа бил повикан и во Одделот за организиран криминал при МВР. На 27.09 Р.А. телефонски контактирал со пријавениот и договориле средба во неговата ординација во 13 часот. На средбата С.М. ја разгледал документацијата и му рекол на Р.А. дека неговиот брат според наодите на другите доктори има основ за добвивање инвалидска пензија, по што изготвил предлог за утврдување на инвалидност за Ј.А. во кој внел произволни наоди за моменталната здравствена состојба како да извршил преглед врз Ј.А. По ова побарал договорената сума од 1.000 евра Р.А. да не му ја дава во раце туку да ја остави во фиоката од неговата работна маса.


парите кои како поткуп ги примил докторот

Врз основа на судска наредба од Истражен судија при Основниот суд Охрид вчера направен е претрес во работните простории на С.М. при што во фиоката биле пронајдени претходно од страна на полицијата технички обработените пари, како и медицинската документација на Ј.А. заедно со предлогот за утврдување на инвалидност напишани претходно од пријавениот С.М.

Истражен судија на С.М. веќе му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

извор:
МВР