Доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, е позитивен на коронавирусот. Информацијата попладнево ја објави Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека Караџовски се чувствува добро и оти останува во домашна изолација. Во изолација е и неговата сопруга.
Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство.
OhridNews