Доколку СДСМ го изгуби Скопје, Заев повтори дека не ќе може да ја води Владата бидејќи опозицијата би правела опструкции на политиките на централната власт. Сепак, ова, според него, не значи дека е време за предвремени парламентарни избори.

Во гостувањето во централниот дневник на Сител, тој рече дека парламентарното мнозинство е сигурно, а не е за предвремени парламентарни избори бидејќи според него следните две и пол години се неповторилива шанса да се развива економијата и да се валозизира веќе сработеното.

Сите крупни прашања се затворија. Дома немаме етнички отворени прашања, немаме отворени прашања со соседите, петте точки со Бугарија ги знаеме и ги работиме. Верувам дека по 14 ноември кога завршуваат изборите во Бугарија до следната седница на Советот за општини работи имаме доволно време тоа да го завршиме и да ја добиеме првата меѓувладина конференција, рече Заев. 

Заев не кажа кој планира да го замени на владиното кормило но вели дека тоа секако би бил кадар на СДСМ. Тој во вториот круг верува дека СДСМ ќе има видлива победа, вклучително и во Скопје. Тврди дека владината коалиција е стабилна, иако коалициониот партнер Беса го повика членството во вториот круг од изборите да ја дадат поддршката за Алијанса на Албанците. Рече дека не го разочарало ниту тоа што ЛДП и ДОМ како коалиоциони партнери јавно не ги повикале своите гласачи да ја дадат поддршката во вториот круг за кандидатите од коалицијата.

Вели дека имаат различности со коалиционите партнери, но оти ги поврзуваат генералните вредности како што се борбата против корупцијата, реформите во судството, евроинтеграциите …

Тоа е убавината на една демократија и слобода. Ние имаме заеднички вредности во коалицијата и тоа не обединува. Важно е да ги мобилизираме сите гласачи со кои споделуваме заеднички вредности, рече Заев.

Седењето на граѓаните дома, според него, би значело враќање на режимот.

Ние не изгувиме од ВМРО-ДПМНЕ, туку од тие што останаа дома. Еден дел адресираа сериозна казна поради ефикасноста во работењето и персоналните решенија, но верувам дека го променивме пристапот во нашата кампања. Седењето дома е комплетна поддршка за нашиот опомент, нагласи Заев.

OhridNews