Иако британското кралско семејство сакало што подолго да ја крие веста за бременоста на Кејт Мидлтон, поради нејзините проблеми со мачнините и хоспитализирањето, морале да откријат дека младиот пар го чека своето прво дете. Принцот Вилијам и Кејт воздивнале откако веста била објавена, бидејќи повеќе на сакале да ја кријат среќната вест. И додека принцезата ужива во бременоста, медиумите не престануваат да нагаѓаат како ќе се вика наследникот.
Пријателка на покојната принцеза Диана рекла дека таа сигурно би била прекрасна баба и многу би ја сакала Кејт. Додала дека доколку биде девојче би морала да се вика Диана. Пријателка на Кејт потврдила дека тоа име е многу веројатно, бидејќи покрај Викторија, Кејт отсекогаш го сакала и името кое го носела нејзината покојна свекрва.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com