Доколку повеќе земји пристапат кон барањата за имунолошки пасош при влез во државите, тогаш и Македонија ќе ја земе во предвид ваквата опција, рече на денешната прес конференција министерот за здравство венко Филипче.

  • Има многу отворени прашања. Ние дискутиравме во рамките на нашата комисија. Засега сметаме дека голема вредност во смисла на сигурност не може да има, но сме отворени за опцијата и за наши граѓани што би патувале во странство и за странци кои треба да дојдат, доколку станува збор за нешто кон кое ќе пристапат повеќе земји. Во смисла на регионален пристап, или ако реши Европската Унија. За ова прашање уште нема консензус, повеќе земји го разгледуваат, вклучително и ние, но засега немаме став – рече Филипче.

Ова прашање е особено актуелно во текот на поселдните неколку денови. На оваа тема било разговарано и на последниот состанок во организациј ана Светската здравствена организација, но тоа сеуште е на ниво на размислување на поединечни земји.

Како што потенцира министерот за воведување на имунолошки пасоши се наметнуваат повеќе дилеми како што е тоа кој е протоколот што ќе се признае за валиден. Понатаму, колку денови ќе се важи тестот за валиден, колку ќе се искомплицира целиот процес ако станува збор само за краткотрајни патувања на еден или два дена и на крајот, каква е гаранцијата дека од земањето на тестот, па се до влегувањето во некоја земја некој не се заразил од вирусот.

OhridNews