Доколку ЕВН го исклучи од електро системот МЈП „Проаква“ граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките, ќе ја тужат државата ако останат без вода за пиење. Тие се револтирани од најавите на ЕВН, но и на локлните самоуправи, и сметаат дека се колатерална штета во спорот.
Како што е познато МЈП „Проаква“ на ЕВН му должи 1 милион евра за неплатена струја. Доколку ЕВН ја исклучи струјата на „Проаква“ неминовно ќе дојде до прекин во водоснабдувањето.
без струја пумпите за вода ќе запрат
„Не е фер без вода да останат граѓаните кои редовно си ги плаќаат сметките и за вода и за струја. Некои неплаќачи се толерираат со години и поради тоа денес ни се случува сето ова“, вели резигнирано жител на Охрид.
Лути на најавите на ЕВН се и стружани. „Водоводот е неопходна работа за човекот и би било катастрофа доколку престане да функционира. Меѓутоа, нека ги исклучат оние што не плаќаат. Јас како граѓанин сите сметки сум ги платил, и ако мене ме исклучат јас ќе ја тужам не само ЕВН туки и државата“, вели стружанецот Јован Негрисеки. Ова езеро е и на Охрид и на Струга и на цела Македонија и на светот бидејќи е под заштита на УНЕСКО но кај нас не функционира системот а државата не води сметка за тоа, додава резигнирано Негриески.
Доколку остане без вода ќе ја тужи државата-Јован Негриески
Граѓаните на Охрид и Струга очекуваат да престанат сите игри и закани околу водоснабдувањето, а ЕВН и „Проаква“ да најдат решение кое нема да биде на штета на совесните граѓани кои редовно ги плаќаат сметките за потрошена вода и струја.
ohridnews