Доколку државата не даде дозвола за прекоп на патот во селото Лескоец за да се стави во функција канализационата мрежа, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески  најави дека ќе ги повика жителите на протести.

„Централната власт и јавното претпријатие „Македонија пат“ се плашат од успесите на Локалната самоуправа. Канализациониот систем  во Лескоец е изграден. Единствената пречка за да го ставиме во функција е тоа што не ни даваат прекоп“ вели градоначалникот Петрески и објаснува дека целата траса кон Пештани е ископана за приватни имоти, а основните животни проблеми на жителите од Лескоец остануваат нерешени.

ЛКокалната самоуправа, инаку, ја поздрави одлуката на Министерството за транспорт и врски кое на општините ќе им додели од 1,5 до  милиони денари за изградба на водоводните системи.  Иако се работи за мали средства, сепак и тие се добредојдени во нашата каса, велат од локланата сампуправа.

Ohridnews