Тоа што притоа е особено несфатливо, е што во оваа работа на многу, многу часови потрошено време, познати, паметни, образовани, афирмирани новинари органозирани, како што меѓусебно се именуваа, во „реформатори“ и „востаници“, ги превидоа основните сидра врз кои почива ова наше сложено и сензитивно македонско општество.
На Вонредното Собрание, падна стариот Статут. Беа променети фундаменталните одредби што ја обезбедуваа конституцијата, формата на поставеноста на ЗНМ. Беше релативизирана институционалната конструкција на ЗНМ и со неговиот нов Статут, во името на „демократијата“, само навидум најшироко е отворена новинарската организација за секого и за сите идеи.
Натаму е се познато. Новиот темелен акт долгоподготвуван во неформален амбиент, ја обезличува новинарската организација, ја релативизира до степен на нејзино брзо разградување. Вонредното собрание организирано согласно новиот Статут пропадна. Второто, најавено за неколку недели, исто така ќе доживее неуспех. Дури изборите да минат „регуларно“, новите акти на ЗНМ не навестува елементарна гаранција за негова натамошна фер и успешна работа.
Накусо, новиот Статут не им ги обезбедува нужните „правичности“на органите и телата на ЗНМ. Не ги обезбедува нашите три основни општествени функционални постулати врз кои е нужно да почива конструкцијата на организација од форматот на ЗНМ: медиумската правичност, регионалната правичност и етничката правичност.
Без статутарно нормирање на овие принципи, Здружението на новинарите многу бргу ќе се делегитимира. Ќе го загуби својот интегративен атрибут и ќе го доурниса својот автротитет.
Затоа, позитивната енергија што, секако благодарејќи на едноипол годишната мотивираност уште се ослободува од раздвижената новинарска заедница, а која во меѓувреме резултираше со неколку позитивни и општоприфатени иницијативи, е добро да се насочи кон ново Собрание на ЗНМ. Неизборно собрание што ќе му претходи на изборното. На него прво ќе треба да биде устоличен нов Статут кој ќе ги гарантира наведените функционални принципи. Тие ќе бидат и правичната изборна база на македонското новинарско здружение.
авторот е новинар