Во Охрид во тек е завршната конференција на Проектот РЕЛЛМАС за поддршка на регионалниот и локлен пазар на труд, кој се реализира со помош на СЛОВАК АИД и Владата на Република Словачка.

Пред петнаесетина години Словачка беше црна дупка во Европа, а денес сме членка на ЕУ и НАТО, ОБСЕ…и нашите искуства можат во многу да и помогнат на Македонија да го изоди тој пат, истакна во своето обраќање  Роберт Кирнаг амбасадор на Р.Словачка во Македонија.

Тој предупреди дека доколку навремено не се аплицира со квалитетни проекти,  парите предвидени од европските фондови за Макеоднија може да  ги искористат други држави.
 
Експерти од Словачка околу една и пол година работат на овој и повеќе други проекти во Македонија кои имаат за цел да ги зголемат капацитетите на администрацијата за аплицирање пред европските фондови. Покрај тоа во тек е и реализација на твининг проекти меѓу Македонија и Словачка.

Ohridnews