За сите вљубеници во слагалиците, една компанија од Хонг Конг осмислила и дизајнирала една баш компликувана. Во однос на новата играчка за деца и возрасни со „подебели“ нерви, наречена „Pillow 13x13x13 IQ Brick“ Рубиковата коцка е мачкина кашлица.

 

Оваа тродимензионална сложувалка има 18 пати повеќе квадратчиња од Рубиковата коцка, но функционира по ист принцип, една страна една боја. Секоја страна на Pillow 13x13x13 IQ Brick има 169 обоени квадратчиња кои треба да се сложат. Играчката ја направила компанијата Брандо, а нејзината цена изнесува 257 евра.