Доколку државата до истекот на крајниот рок за завршување на процесот на денационализација не им ги врати имотите, петанесетте семејства чии предмети се водат повеќе од 6 години најавија дека сами ќе влезат во кампот и ќе ги завземат своите имоти.
„Доколку до почетокот на летото не ни бидат издадени решенија за денационализација, за што имаме и судски решенија, ние ќе влеземе сами во автокампот и ќе ги околчиме нашите имоти“, ни изјави Ѓорѓи Танески, претседател на Од Здружението за враќање на одземените имоти од Пештани.
До истекот на крајниот рок поставен од владата, 30 јуни, Општинстата комисијата за денационализација во Охрид треба да реши над 500 барања за враќање на имот. До овој момент таа има решено само 48% од предметите со што општина Охрид се вбројува меѓу најнеефикасните во процесот за денационализација.Ова меѓу другото беше истакнато на работната средба што во организација на општинската комисија за денационализација се одржа денеска во Охрид.
ќе се забрзува процесот на денационализација во Охрид ?
На средбата присуствуваа градоначалникот на општина Охрид, претставници на општинската администрација, претставници на Министерството за финансии , надлежните подрачни служби на одделни министерства, Државниот завод за геодетски работи, државниот Правобранител за подрачјето на Охрид, претседателот на основниот Суд во Охрид, Државниот Архив, Управата за имотно-правни работи, УЈП, и други.
Целта на работната средба е да се направи пресек на состојбата со денационализацијата во општина Охрид и да се направи конкретен договор на сите надлежни и инволвирани институции во овој процес со цел да се забрза процесот и да се оствари дадениот рок од страна на Владата за завршување на процесот на денационализацијата до 30. јуни годинава.
Како што информираше претседателот на Општинската комисија за денационализација во Охрид, Славко Лазовски, постојат повеќе сложени предмети кои го кочат процесот на денационализација. Тој како најсложени ги посочи враќањето на имотите во сегашните автокампови „Градиште“ и „Елешец“, Детската болница, како и зелените појаси во централното градско подрачје и површините на „Градинар“.
Г. Момироски