Холивудскиот убавец Џорџ Клуни неодамна признал дека не може да се замисли во улогата на родител. Сепак, иако со деца не може да мине подолго време, Клуни на својот пријател Бред Пит му дал интересна понуда. Му рекол дека ќе ги чува неговите деца барем една ноќ доколку Бред го добие Оскарот за главна машка улога.

Доколку за истата категорија наградата ја добие Џорџ Клуни, тогаш Бред Пит ќе мора еден дена да служи како морнар на јахтата на Џорџ. Пријателите рекле дека не се виделе една година, но се сретнале на доделувањето на Златните глобуси, а потоа и една седмица подоцна во Лондон на доделувањето на наградите BAFTA.