Нaучниците докажаа дека покерот повеќе зависи од вештината на играчите одколку од среќата. Резултатот на ова истражување би можел да се одрази мошне сериозно во оние држави каде покерот се смета за коцкање и е илегален. Истражувањето го потврди токму она што играчите отсекогаш го знаеја- играта зависи најмногу од нив.


Во последниот обид да се измери процентот на среќа беа набљудувани 55 000 играчи на интернет. Анализирајќи ги нивните резултати во период од три месеци, со претпоставка дека на крајот вештината пресудува тоа мораше да биде видливо. Се набљудуваа две работи. Прво, колкаво е варирањето на победи и порази кај еден играч. Ако тоа е преголемо, значи дека среќата има огромна улога. Второ, кај секој играч се мереше просечниот износ на победи и порази. Ако вештината би била доминантен фактор, тогаш јаките и слабите играчи би требало да имаат подобри, односно послаби резултати од очекуваните доколку играта би зависела повеќе од среќата.

Според овие два критериуми по точно 33 часа играње, односно 13 часа он-лајн играње, побрзо се доѓа до заклучок дека преовладува вештината. Истражувачите велат дека нивните резултати се изведени од реалноста и не се теоретски.