Не сме имале ни грам среќа против селекцијата на Исланд против која три пати сме играле бараж-дуели и секогаш сме биле елиминирани.
– Во тимот владее победничка атмосфера. Триумфот на трофејот на Македонија, уште повеќе ја крена самодовербата кај играчите – вели селекторот Илија Темелковски.
Фаворитската улога капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров им ја препушта на гостите,а најголем акцент и она што треба да не секира е нашата игра смета првиот стрелец во Лигата на шампионите за оваа сезона. Лазаров бара подршка од публиката без разлика на резултатот.
– Треба стрпливо да ја градиме играта. Кулминацијата треба да се случи во периодот од 40 до 55 минута, кога очекувам навивачите да бидат најгласни.
Агенцијата за млади и спорт вети награда од 20.000 евра, доколку Македонија успее да избори пласман на завршницата на СП. Возвратниот меч се игра во следниот викенд во Рејкјавик.