Со 69 гласа За и 40 против, Собранието го усвои предлогот Законот за ратификација на Договорото за решавање на спорот за името склучен помеѓу владите на Македонија и Грција изминатиот викенд, да се донесе по скратена постапка.

По ова пратениците на ВМРО ДПМНЕ побараа пауза по што ја напуштија седницата. Тие сметаат дека Договорот е капитулантски и е постигнат под уцена, како и дека претставува современ геноцид.

Во меѓувреме пред Собранието започна најавениот граѓански протест против усвојувањето на Договорот за промена на името. Учесниците извикуваат Македонија, Македонија, и бараат оставка од пратениците нарекувајќи ги нив и премиерот предавници.

OhridNews