Примарна цел на проектот кој ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата и фрескоживописот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, како и конзерваторски интервенции на северниот конак и на камбанаријата.
Претходно, министерот Канческа-Милевска и амбасадорот Рикер ќе го посетат манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“. При потпишувањето на Договорот за доделувањето на грантот ќе присуствува и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.