Заедницата  и надлежните институции треба да преземат се’ матурските вечери во Охрид да минат во најдобар можен ред, беше истакнато на денешниот состанок на претставници на Секторот за внатрешни работи Охрид, училиштата, центаророт за социјални работи, инспекциски служби, на агенциите за обезбедување и на  советодавната група на граѓани.
 
На средбата, како што сме информирани, биле разгледани планираните превентивни активности со цел да се влијае на
младата популација за подигнување на безбедноста и личната одговорност на секој матурант.

На средбата биле дадени насоки на дејствување со цел да се спречат несакани појави за време на прославата на матурата, какви што често се случувале во минатото.

Ohridnews