Охрид во октомври 2008 година ќе биде домаќин на Светскиот Славистички Конгрес.

По тој повод деновиве во Охрид заседаваше Меѓународниот Славистички Комитет. На состанокот беа разгледани сите детали околу организацијата на овој значаен културен настан, како и финансиската конструкција.

Организацијата на Светскиот Славистички Конгрес ќе ја помогнат МАНУ, државни институции, Универзитетот Св. Кирил и и Методиј, како и општина Охрид.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, во своето обраќање на состанокот на  Меѓународниот Славистички Комитет се заблагодари што токму  Охрид е избран за град домаќин на  Светскиот конгрес на слависти и вети дека општината ќе стори се’  да ја оправда довербата и да биде тоа настан кој долго ќе се памети меѓу дејците и славистите.

Г.М.