Опозициската СДСМ тврди дека не е договорен закон за забрана за употреба на прислушуваните телефонски разговори, додека од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека токму лидерот на СДСМ, Зоран Заев дал амин за него. 

„Ова не е дел од Договорот од 2 јуни/15 јули. Ваков закон ниту е договорен, ниту е дискутиран меѓу потписниците на договорот. Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е обид да го нарушат преговарачкиот процес. Тоа нема да го дозволиме“, рече Петре Шилегов од СДСМ. 

Тој смета дека со денешното поднесување на закон од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за лепените, сечени, монтирани материјали според Груевски, кои жодеднаш станаа прислушувани материјалиж, нема поголемо јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за автентичноста на скандалозните содржини во снимките од „Вистината за Македонија“.

„На денот кога се постигна договор за Законот за специјално обвинителство, Заев во присуство на претставници на амбасадата на САД, Европската унија, како и делегации на другите три најголеми политички партии, даде збор дека до 20-ти октомври Собранието на Република Македонија треба да донесе закон со којшто ќе се забрани злоупотреба на овие материјали коишто беа тема на дискусија целиот овој период“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Појасни дека законот е во насока да се заштити правниот поредок на Република Македонија, да се заштитат сите оние граѓани коишто може да бидат уценувани и може да бидат под закана или под присилба.

OhridNews
извор:„Макфакс“

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат закон за забрана за објавување на „бомбите“