Министерката за култура Елизанета Канчевска-Милевска и амбасадорот на САД во Р. Македонија, Н.Е. Филип Рикер, утре во куѓата на Робевци во Охрид ќе го потпишат договорот за грантот што американската влада го одобри за реставрација на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Периллепта – Стар Св. Климент.

Донацијата изнесува 650.000 американски долари.

Пред потпишувањето на договорот министерската Милевска и амбасадорот Рикер ќе ја посетат црквата Св. Богородица Перивлепта.

Црквата Св. Богородица Перивлепта која
се смета за врвни дело на византиската архитектура ја изградил
војсководецот Прогон Згур во 1295 година. Особено е значајна поради
уникатните фрески насликани од врвните мајстори Михаил и Евтихиј
Астрапа од Солун, кои поради оштетувањата на покривот и фасадата се во
многу лоша состојба.

Г.М.