Само благодарение на цврстиот став на техничкиот организатор ПК Охридски Бранови кој напомена дека без претходно обезбедните средства нема да се одржи сребрениот јубилеј на Охрискиот Пливачки маратон, разбранетите води се смирени и охридскиот пливачки маратон запловува во мирни води. На неколку денови пред стартот на најголемата спортска манифестација во Македонија, сите може да се концентриаат на што подобра организација на сребрениот јубилеј 25 години Охридски пливачки маратон.


–    Бевме цврсто решени без пари да нема организација. Со години ни се провлекуваат финансиски проблеми. Вложувавме и сопствени средства а останувавме и должни. Сега агенцијата ќе превеземе дел од организацијата, поставување на стартот ќе се решава преку директна соработка со спонзорите. Со тоа ни се тргна едно задолжение а се намалија и средствата кои досега ни беа потребни за техничка организација – вели Кочо Паскали од ПК “Охридски Бранови“

Несоглсувањата на релација Пливачка федерација на Македонија и техничкиот организатор ПК Охридски Бранови се надминати, двете страни се одлучија деталите да ги договараат со сепцијализирана агенција која професионално се занимава со организирање на спортски манифестации. 

–    Организацијата оваа година ја врши која се занимава со организирирање на вакви настани, и таа директно договора со техничките организатори, но мислам дека конечно двете страни меѓусебно се договрија и нема никави пречки за организирацијата на маратонот. Ние сме активно вклучени во дефинирање на условите што треба да се исполнат , од друга страна е вклучен и техничкиот оргганизатор како екипа што има огромно искуство во организација на маратонот, така што не гледам никави пречки – рече од Охрид, генералниот секретар на Пливачката федерација на Македонија, Стефан Пулејковски.

Технчкиот организатор на маратонот, ПК Охридски Бранови остварил средба со агенцијата на која е договорена динамиката на исплаќањето на средствата за непречено функционирање на манифестацијата. Се работи за сума од околу 15 илјади евра која ќе легне на нивната сметка.Агенцијата и Охридски бранови слкучија писмен договор заверен на нотар со сите обврски и гаранции за средствата да бидат во целост исплатени. 80 % треба да се исплатат пред трката а останатите на 16 ти.

–    По постигнатиот договор ние нашата обврска е техничката организацијата , оваа година со посебни ригорозни барања е дојден и делегатот на Фина со кого остваривме еден официјален состанок, ќе се превземат мерки со цел да се избегнат несакани ситуации како што беше тоа минатата година во Дубаи кога настрада еден пливач.  Ние сите безбедносни мерки ги превземаме години на назад, стандардите на ФИНА ги следиме, имаме доволен број на спасители медицински екипи и не оставаме ништо на случајност , и ништо да не нежизненади,  се што е потребо за маратонот да мине безбедно и непречено –вели Сашо Точко директорот на трката.

Најуспешниот маратонец во водите на Охридското езеро Бугаринот Петар Стојчев се пријави за учеството на “сребрениот“ јубилеј на Охридскиот пливачки маратон. За маратонот кој в недела ќе се одржи по 25 пат досега се пријавиле дваесетина пливачи меѓу кои и деветкратниот победник Стојчев. Тој како првопласиран на светската ранг листа доаѓа во Охрид, на трката која е последна во годинешната Гран при серија.
М.П.